pozarnaohrid5

Пожар на улицата „Момчило Јорданоски“

Охрид, 17. ноември 2018 (ИНПРЕС) – Пожар избувнал ноќеска, околу 04:00 часот, во зграда на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид.

– Пожарот избувнал во подрумска просторија во сопственост на лицето Ж.Д. жител во зградата, каде на влезот била поставена метална врата. Пожарот бил локализиран и изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица. СВР Охрид презема мерки за целосно документирање и расчистување на овој настан, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest