gruevski-orban-1-696x392

Унгарската опозиција ќе бара парламентарна истрага за случајот Груевски

Скопје/Будимпешта, 24. ноември 2018 (ИНПРЕС) – Унгарската социјалистичка партија и другите опозициски партии подготвуваат заеднички план против доделувањето на азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски од страна на властите на чело со премиерот Виктор Орбан.

Како што пишува порталот 24.hu, тие ќе иницираат панел-дискусија и ќе бараат креирање на парламентарна истражна комисија, по што до властите ќе достават заеднички став на опозицијата за случајот Груевски, додека до парламентот ќе достават предлог како да се постапи, јави Фокус. (Крај)

извор: Фокус фото: Фокус

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest