vmrostabskopje

ВМРО најавува антивладини протести, започнуваат во среда

Скопје, 24. ноември 2018 (ИНПРЕС) – Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната редовна седница одлучил во наредниот период да организира антивладини протести, поради тоа што СДСМ погрешно ја води државата, како и поради криминалот и корупцијата.

Од опозициската партија информираа дека првиот протест се планира за среда, на точно една година од, како што велат од таму, најцрниот и најмонструозно конструиран процес во кој што пратеници, уметници, актери, режисери и оперски пејачи се апсеа и приведуваа за измислен тероризам.

Исто така, ДПМНЕ одлучил да објави и јавен повик за кандидирање на членови на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest