mkd-399609

Ниту едно македонско знаме во Струга, ВМРО-ДПМНЕ бара да се поправи грешката (Фото)

Струга, 26. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Струшката локална самоуправа, предводена од градоначалникот од редовите на ДУИ Рамиз Мерко, за 28-ми ноември, Денот на албанското знаме, ја украси Струга само со албански знамиња.

Со реакција излегоа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од каде обвинуваат дека во градот не е поставено ниту едно македонско знаме.

– Градоначалникот на Струга, господинот Рамиз Мерко и неговите коалициски партнери од СДСМ го украсија градот со албански знамиња. Господине Мерко, да Ве потсетиме дека Струга е мултиетнички град, во кој треба да има соживот, без разлика на вера и нација. Знаете ли дека ова што го правите е спротивно на законот? Истакнувате само албански знамиња, без притоа да го ставите знамето на Република Македонија, државата во која живеете и сте градоначалник на град во таа држава. Што сакате да постигнете со овај потег? За ваков ли соживот зборувавте? Вака ли ќе се почитуваме меѓу себе? За крај, нека Ви е честит празникот, и Ве замолуваме да си ја поправите грешката и да го поставите македонското знаме, во името на соживотот и взаемната поддршка и почит, реагираат од партиајта. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest