ok-vmro-dpmne-640x359

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот Стојаноски со пратениците Лазаревска и Тунтев оставија пристаништето да се распаѓа пред очите на охриѓани

Охрид, 29. ноември 2018 (ИНПРЕС) – Совршен ќе беше Планот за живот кој СДСМ им го презентираше на граѓаните, ако не останеше буквално сè само на хартија. Заслужува ли Охрид-град под заштита на УНЕСКО, да има руинирано пристаниште, кое од ден на ден сè повеќе и повеќе се распаѓа пред очите на охриѓани, но и пред очите на туристите, запрашаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Градоначалникот Јован Стојаноски и пратениците Томислав Тунтев и Жаклина Лазаревска, кои очигледно го заборавија не само Охрид и охриѓани, туку и Охридското Езеро, да се одважат и да пропешачат по кејот за да „уживаат во глетката“. Охрид не бара многу, земете го министерот за транспорт и врски исто онака како што зад превезот на Европска Македонија пропагиравте промена на името и видете ја очајната состојба на охридското пристаниште, кое безнадежно моли за реконструкција. Каде Ви е ветената реорганизација на Капетанијата на пристаништата, со обезбедување на опрема и кадар? Замислете ќе имавме дури и хидроавиони за посебни намени, модерен туризам и паметен урбан развој од кои нема ни трага ни глас. Зошто Охридското Езеро нема концесионер, и со која цел ЕЛЕМ си поигрува со водостојот на езерото? Ова ли е веднаш ветуваната грижа за Студенчишкото блато? Крајно време е да ги затегнете надлежните институции и конечно да почнете да мислите за иднината на овој град. Фреквенцијата на пловилата се зголемува и местото станува тесно, а со доаѓањето на зимата уште повеќе ќе се оштети. ВМРО-ДПМНЕ апелира да се изнајде начин за итно решавање на ова прашање, кое не смее да биде оставено на забот на времето. Охрид никако не заслужува вакво, крајно неодговорно однесување од никого, а најмалку од страна на оние кои ја добија поддршката од охриѓани, истакнаа од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest