ep1-777x437

Европскиот Парламент гласаше за екстрадиција на Груевски од Унгарија

Стразбур, 29. ноември 2018 (ИНПРЕС) – Европратениците ги усвоија двата амандмани со кои се бара од Унгарија да го екстрадира експремиерот Никола Груевски во Македонија.

Групите на Социјалдемократите и на Зелените пред неколку дена поднесоа одделни амандмани на оваа тема, но се стравуваше дека оној на Зелените нема да помине поради поостриот речник.

Амандманот поднесен од европратеничката на Зелените, Јудит Саргентини освен што бара екстрадиција, гласи и дека Груевски побегнал од Македонија со дипломатска помош од Унгарија за да избегне затворска казна и го смета овој потег како мешање во внатрешните работи на Македонија како и чин на презик кон судството и владеењето на правото во земјата.

Во интервју за МИА вчера Саргентини изјави дека ваквиот речник е „знак“ и „политички сигнал“ дека Европскиот парламент со тоа покажува “карактер“.

– Тоа што Унгарија го прави е мешање во судските работи на една земја која макотрпно се обидува да се подобри и да стане членка на ЕУ. И тоа не е конструктивно, изјави вчера Саргентини за МИА. (Крај)

извор: novatv.mk фото: novatv.mk

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest