lisiciuapsen-640x360

Уапсен опозициски пратеник во црногорскиот Парламент и спроведен в затвор

Подгорица, 30. ноември 2018 (ИНПРЕС) – Рано изутринава, по завршување на седницата на црногорскиот Парламент, полицијата го уапси пратеникот на опозицискиот Демократски фронт, Небојша Медојевиќ, кој е спроведен во затворот Спуж.

Тој е притворен по наредба на претседателот на Вишиот суд, Борис Савиќ поради повеќемесечно одбивање да даде исказ во предмет кој се води против него.

Медојевиќ и неговиот колега Милан Кнежевиќ повеќе месеци одбиваат да достават податоци за судијата кој наводно понудил 10.000 евра за да укине пресуда поради напад на полицаец во 2015 година.

По апсењето, од ДФ предупредија дека Црна Гора се наоѓа на работ на граѓанска војна, а Кнежевиќ порача дека нема доброволно да и се предаде на полицијата и со колегите ќе остане во Парламентот.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest