biltenmvr

Човечки леш во фаза на распаѓање пронајден кај селото Рамне

Охрид, 30. ноември 2018 (ИНПРЕС) – Случаен минувач, вчера, кај месноста „Водејнци“, во атарот на охридското село Рамне, пронашол човечки леш во фаза на распаѓање.

– По добивање на информацијата, а по овластување на Јавен обвинител, извршено е обезбедување на местото на настанот а потоа извршен e увид. По наредба на Јавен обвинител, денеска ќе се врши одбукција во судска медицина при Медицинскиот центар во Битола. СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, информираат од секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest