drvagalicica3-640x358

Кривична за дрвокрадец од селото Лескоец

Охрид, 30. ноември 2018 (ИНПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20-годишниот М.П. од селото Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“.

– На 12-ти јули оваа година, околу 01:00 часот, на местото викано „Распаќе“, полициски службеници се обиделе да запрат товарно возило, управувано од пријавениот, но тој не застанал. Набргу потоа, М.Л. го оставил возилото и избегал. При преглед на возилото, биле пронајдени и одземени 7,7 кубни метри дабови дрва, без соодветна документација, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest