World-AIDS-Day

Црвен крст Охрид ќе го одбележи Светскиот ден и Неделата на борба против СИДА

Охрид, 30. ноември 2018 (ИНПРЕС) – Први декември, Светскиот ден за борба против СИДА и Неделата на борба против СИДА, од први до 7-ми декември, охридскиот Црвен крст ќе го одбележи со низа активности, а во рамките на светската кампања под мотото „Дознај го својот статус“.

Со цел да се подигне нивото на свеста во јавноста за СИДА и изрази поддршка на оние кои што живеат со ХИВ, волонтерите на Црвен крст – Охрид и ЗГ „Опција“ од Охрид, утре на вработените и посетителите во градските кафулиња, маркети, продавници, ќе ставаат црвени панделки како универзален симбол за свеста дека СИДА-та постои и како поддршка на оние кои живеат со СИДА, а ќе бидат делени и едукативни флаери за начинот на пренесување, превенција и заштита од инфекција со ХИВ вирусот.

Image may contain: text

– Во основните и средните училишта ќе бидат дистрибуирани типизирани предавања со цел учениците да се запознаат со основните наења за вирусот на ХИВ, начин на пренесување и заштита. Во текот на Неделата на борба против СИДА, едукаторите за СИДА на Црвен крст Охрид ќе реализираат интерактивни едукативни предавања, работилници и трибини за младите во просториите на Црвен крст Охрид и во училиштата. Во соработка со Центар за јавно здравје Охрид и ЗГ „Опција“ од Охрид предвидени се и едукативни работилници во казнено поправните установи во Охрид и Струга. Активностите кои секоја година се организираат по повод Светскиот ден за борба против СИДА и Неделата на борба против СИДА имаат за цел да го свртат вниманието на јавноста за значењето на превенцијата и раното откривање на инфекцијата со ХИВ вирусот. И оваа година активностите во кампањата за борба против ХИВ/СИДА се во соработка и поддржани од Canadians for Children at Health Risk од Канада, информираат од Црвен крст – Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest