wizzair1-640x359

Објавен трет повик за субвенции за нискобуџетни авиокомпании

Охрид/Скопје, 30. ноември 2018 (ИНПРЕС) – Објавен е третиот по ред јавен повик за субвенционирање евтини авиолетови.

Новиот тендер е со олеснети услови во делот на воспоставување по две нови дестинации за летање од Скопје и Охрид. Од 10-ти јануари, крајниот рок за воведување нови летови се продолжува до 26-ти март.

– Согласно динамиката која што ја имаме и проектите за 2019, 2020 и 2021 година, предвидени се средства во буџетот на Република Македонија. Очекуваме и се надеваме дека овој повик ќе биде успешен до крајот на годинава, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Надлежните информираат дека се прават и дополнителни анализи за економската оправданост за воведување на национален авиопревозник.

– Ние за наредната година имаме предвидено дополнителни средства да се направи уште една анализа за да видиме дали е потребно да има национален авиопревозник, напомена министерот Сугарески.

Инаку, претходните два тендери за избор на нискобуџетски авиопревозник, на кои што единствено се пријави унгарски „Виз Ер“, пропаднаа поради неисполнување на условите од страна на компанијата. (Крај)

извор: Тв Сител фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest