hivaids

1-ви декември Светски ден за борба против ХИВ/СИДА

Охрид, 1. декември 2018 (ИНПРЕС) – Под мотото „Спасување животи преку лидерство и партнерства“, денес се одбележива 1-ви декември, Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА.

Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА прв пат е одбележан во 1988 година и е прв глобален ден за здравјето.

ХИВ е кратенка за хуманиот вирус на имунодефициенција. Тоа е вирус кој го напаѓа имуниот систем. Имуниот систем помага да се заштитиме од болест. Кога нашиот имун сиситем е ослабнат, организмот е помалку способен да се бори со болести. Инфекцијата со ХИВ води кон СИДА (синдром на стекната имунодефициенција). Ако некое лице е ХИВ позитивно, тоа значи дека крвниот тест покажува дека вирусот е присутен во организмот. Се додека вирусот не го нападне имуниот систем (понекогаш по многу години), тоа лице нема СИДА.

Image result for aids

ХИВ се шири преку инфицирани телесни секрети, доколку тие доспеат во крвта кај друг човек. Го напаѓа имуниот систем, чија улога е борба против инфекција и спречување на растот на повеќето канцери. Кога вирусот ќе го нападне имуниот систем, во организмот настанува битка која може да трае повеќе години. Во тој период, инфицираните луѓе не чувствуваат никакви симптоми. Со поминување на времето, доаѓа до оштетување на имуниот систем и тој веќе не може да работи така добро.

СИДА означува синдром на стекната имунодефициенција. Кога ХИВ долго време се борел со имуниот систем и тој се исцрпил, почнуваат да се јавуваат инфекции и други болести, со тешки последици за организмот и на крајот со смрт. Обично поминуваат повеќе години пред да настапи оваа фаза. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest