Bush

Почина поранешниот американски претседател George H. W. Bush

Вашингтон, 1. декември 2018 (ИНПРЕС) – Поранешниот американски претседател George Bush постариот, почина во 94-та година од животот, потврди неговиот син, George W. Bush.

– Jeb, Neil, Marvin, Doro и јас со тага потврдуваме дека после 94 значајни години, почина нашиот татко. Беше човек со силен карактер и најдобриот татко кој син или ќерка можат да го имаат, соопшти George W. Bush.

George Bush постариот беше 41. претседател на САД, во перидот од 1989 до 1993 година. Во четири децении долгата кариера беше конгресмен, амбасадор во ОН и Кина, директор на CIA и потпретседател на САД во два мандати. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest