Сообраќајка кај Врбјани, повредени три лица

Охрид, 19. декември 2019 (ИНПРЕС) – На 18-ти декември 2019 година, во 20:20 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Врбјани, излетало од коловозот патничко возило „Опел Синтра“, со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 24-годишната А.С. од Струга.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници Е.З.(53) и А.З.(29), двајцата од Струга, а со телесни повреди се здобила А.С., по што биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива