bosnamostar

Од денес и во Босна и Херцеговина само со лична карта

Скопје, 1. декември 2018 (ИНПРЕС) – Од денеска, 1-ви декември 2018 година, на граѓаните на Република Македонија и Босна и Херцеговина им се овозможува влез во двете држави и со лична карта.

– На сила стапува Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина, за условите за патување на државјаните на двете земји, која беше потпишана од страна на двајцата министри за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Игор Црнадак на 12-ти март, 2018 година, информираат од Министерството за надворешни работи на Република Македонија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest