krvodaritelli-640x360

Завршна крводарителска акција за 2018-та година на Црвен крст Охрид

Охрид, 4. декември 2018 (ИНПРЕС) – Охридскиот Црвен крст ги заокружува активностите во делот на крводарителството насочени кон прибирање на доволни количества на крвни единици за 2018 година, со крводарителска акција на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

– Акцијата ќе се реализира на 12-ти декември, во периодот од 10:00 до 14:00 часот. Ги покануваме нашите хумани сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција. Дарувај крв, спаси живот, порачуваат од Црвен крст – Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest