space-x-probe

Поради мувла одложено лансирањето на ракетата на „СпејсИкс“

Флорида, 4. декември 2018 (ИНПРЕС) – Американската Национална аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) за утре го одложи лансирањето на вселенската сонда „Драгон“, која треба да однесе контејнер со намирници за екипажот на Меѓународната вселенска станица.

Како што соопшти НАСА, лансирањето е одложено затоа што на некои од намирниците била откриена мувла.

– На тимовите им е потребен дополнителен ден за замена на намирниците – се вели во соопштението на НАСА.

Лансирањето на сондата „Дагон“ со ракетата „Фалкон 9“ на компанијата „СпејсИкс“ од космодромот Кејп Канаверал на Флорида беше закажано за  денеска во 19:38 часот по средноевропско време.

Сондата „Драгон“, која треба да пренесе храна, резервни делови и опрема за научни истражувања, утре треба да го има својот 16-ти лет до Меѓународната вселенска станица. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest