vanja-2-640x360

Предновогодишни забави во игротека „Вања“

Охрид, 5. декември 2018 (ИНПРЕС) – Од игротеката „Вања“ која работи во склоп на комплексот „Вилиџ Вања Камчев“ информираат за предновогодишните забави кои се подготуваат.

– Дедо Мраз и кај нас. Се ближи најубавиот и највозбудлив празничен период од годината. Со таа цел чест ни е да Ви понудиме да им овозможите незаборавен момент на испраќање на старата и дочек на Новата година на Вашите деца во нашата игротека „Вања“. Ние ќе се погрижиме за сето тоа да изгледа магично. Цена: 250 ден од дете. Термини: 2 часа играње во игротека и сликање со Дедо Мраз вклучено во цената (18, 24, 25, 27 декември 2018 година од 18:30 до 20:30 часот), Новогодишна програма, Новогодишно пакетче вклучено во цената, Дедо Мраз-аниматор 2 часа вклучено во цената, професионален фотограф ангажиран од наша страна (сликите не се вклучени во цената – 2 слики 150 денари), порачуваат од игротеката „Вања“, од каде додаваат дека децата се нашето богатство.

Направете најубава новогодишна прослава во најголемото детско царство. За сите дополнителни информации и потврда за задолжителна резервација можете да не контактирате на телефонот: 070/269-919.

Image may contain: one or more people

Од игротеката „Вања“ информираат дека организираат и тематски работилници.

– Секогаш креативни, секогаш различни, секогаш забавни. Празници се ближат. Бидете дел од поставување на новогодишната елка во игротеката „Вања“ која ќе ја накитиме со лампионите изработени од вредните рачиња на нашите дечиња. Ќе организираме работилници за изработка на лампиони, честитки и новогодишни украси. Доволно е само да дојдете и да се забавуваме, да бидеме креативни, оригинални и свои. За другото ќе се погрижиме ние.

Термини за работилници:
– 07.12.2018 – петок – 12:00-14:00 часот
– 10.12.2018 – понеделник – 12:00-14:00 часот
– 11.12.2018 – вторник – 12:00-14:00 часот
– 12.12.2018 – четврток – 12:00-14:00 часот
– 13.12.2018 – петок – 12:00-14:00 часот

Цена за учество на работилниците е 2 часа 100 денари промотивно. Со секоја фискална сметка учествувате во наградна игра. Главното извлекување е на крајот од месец декември кога ќе се одржи и изложба на најкреативните изработки. Сите средства собрани од продажбата ќе се донираат во хуманитарни цели. Китењето на елката ќе се одржи на 12.12.2018 година, среда, во терминот од 16:00 до 18:00 часот, информираат од игротеката „Вања“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest