Ljubisa-Georgievski-int235-1

Почина проф. Љубиша Георгиевски

Скопје, 6. декември 2018 (ИНПРЕС) – На 81 годишна возраст утрово почина театарскиот и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра Љубиша Георгиевски.

Тој е роден во Битола на 30-ти мај 1937 година. На македонската јавност Георгиевски и е познат и како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата во 1994 година.

Тој беше амбасадор во Бугарија од 2000-2004 и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006-2008 година.

Георгиевски како театарски режисер, има поставено преку 160 постановки во Република Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романија, Полска…

Неговите претстави се играат на повеќе од десет јазици и истите гостувале ширум Европа, од кои позначајни гостувања се во Москва и Виена.

Досега има објавено десеттина книги. Како филмски режисер има режирано четири филма.

Добитник е на повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна Југославија, како и наградата од критиката за претставата „Искушение” од Вацлав Хавел во Theater Center како најдобра претстава на театарската сезона. Неговите пиеси „Црна” и „Јованка Орлеанска” се играни со успех, а некои од нив сѐ уште се на репертоарот. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest