plaosnik-640x360

Богослужба и свети архиерејски литургии за претстојните празници

Охрид, 6. декември 2018 (ИНПРЕС) – По повод престојните празници, во црковните храмови „Свети Климент Охридски“ и „Св. великомаченик Георги и преподобен Алимпиј Столпник“ ќе се одржат свети архиерејски литургии, информираат од Дебарско-кичевската епархија.

Утре, 7-ми декември, ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, на Плаошник во Охрид, по повод празникот „Свети Климент Охридски“ со почеток во 16:00 часот. Во сабота, 8-ми декември, од 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот.

Во недела, на 9-ти декември по повод празникот „Св. великомаченик Георги и преп. Алимпиј Столпник“, во црквата „Св. вмч. Георги“ во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија. Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува вернците на заедничко прославување на овие празници. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest