Nadal

Надал го потврди учеството на Австралија Опен

Мелбурн, 6. декември 2018 (ИНПРЕС)Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го потврди своето учество на претстојниот Австралиски Опен. Ова го соопшти директорот на Грен слем турнирот Крег Тајли.

– Разговарав со Надал. Тој го потврди своето учество и има намера да се врати во својата препознатлива форма – изјави Тајли.

За потсетување, Надал се соочи со повреди по УС Опен и е надвор од терените од септември.Шпанецот во финишот на сезоната го загуби првото место на АТП ранг листата каде сега се наоѓа Новак Ѓоковиќ. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest