Gimnazija-deca-1-640x360

Охридската гимназија го чествува својот патрон

Охрид, 6. декември 2018 (ИНПРЕС) – Со бројни активности и свечености охридската гимназија која го носи името на заштитникот на Охрид, Св. Климет Охридски го одбележува патрониот празник.

Беа презентирани и демонстрирани наградените проекти од натпреварот „Ноември – месец на науката“, а се одржа и отворен час по географија на тема „Кокино и Куклица“.

Свечената приредба по повод патрониот празник ќе се одржи вечерва од 19:00 часот, во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев”.

Чествувањата завршуваат утре. Од 10:00 часот е предвидена богата програма – презентација на новите кабинети и опрема, отворање на изложба со уметнички дела на ученици, доделување на сертификатите од летната школа по информатика, доделување на награди за најдобри литературни, уметнички и музички творби на училишниот конкурс по повод патрониот празник и странските јазици низ традиционалните кујни на Италија, Франција, Германија и Англија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest