av-ohrid-vardar-740

АВ Охрид дома го пречекува Вардар

Охрид, 6. декември 2018 (ИНПРЕС) – По премиерната победа сезонава на гости кај Шкупи, кошаркарите на АВ Охрид викендов се пред нов предизвик.

Во рамки деветтото коло од Првата македонска кошаркарска лига, дома го пречекуваат тимот на Вардар.
Натпреварот ќе се одигра в сабота, 8-ми декември во спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 18:00 часот.
Охриѓани се десетти на табелата со 8 бода, додека вардарци се осми со 9 бода.

До крајот на есенската полусезона остануваат уште две кола. АВ Охрид ќе игра во гости против Гостивар и дома против битолски Пелистер. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest