izmir1-660x330

Туристички саем во Измир: За мај 2019-та се договора нова директна линија Измир-Охрид-Измир

Измир, 7. декември 2018 (ИНПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија оваа година е земја-партнер на саемот во Измир, Турција (Travel Turkey – Izmir).

Со официјален говор пред туристички работници, политичари, амбасадори и министри за туризам од светот, директорот на АППТ, Љупчо Јаневски ја промовираше убавината на Македонија и ги потенцираше традиционалното пријателство, соработка и разбирање што двете земји го имаат во секоја индустрија.

Подвлекувајќи го фокусот на Владата на Република Македонија на развојот на туризмот како една од водечките индустрии во светот и фактот дека бројот на странски гости, а посебно гости од Турција во Македонија е во постојан подем, директорот Јаневски го образложи значењето на растот и неопходноста на земјите во развој да усвојат концетнтриран и координиран пристап кон планирањето, развојот и координацијата меѓу индустриите, владите и образовните институции, со цел исполнување на потенцијал во годините што следат.

Македонија како земја партнер на саемот во Измир е во фокоус на интересот на сите делегации и посетители. Штандот на Македонија го посети и министерот за туризам на Турција, Мехмет Ерсој кој бараше одговор на причините зошто Македонија е земја-партенер токму на саем во Турција.

– Турција е прв пазар за Макеоднија и најголем број на туристи имаме токму од овој пазар, околу 135.000 туристи годишно. Следствено на тоа, логично е да дадеме и најголем акцент на промоцијата на Македонија на овој пазар, а дел од таа промоција е Македонија да биде земја-партнер на саемот во Измир, град во Турција каде има најголем број на македонска дијаспора, и од каде ни доаѓаат најголем број на туристи. На почетокот на следната година е саемот во Истанбул каде Македонија ќе има рекорден број на ко-егзибитори, му појасни директорот Јаневски на министерот Ерсој, упатувајќи директна покана за средба во Скопје на која би разговарале за дополнителна соработка и зголемување на аранжманите за 5 до 7 дена, преку што би се постигнало и зголемување на просечниот престој на турските туристи.

На саемот во Измир се оствари средба и со делегација на ТУРСАБ предводена од директорот, Фируз Б. Багликаја на која се договорија следните чекори на сорабтка во кој спаѓа информативно патување на 20-25 тур-оператори од Турција, зголемен фокус на АППТ на турскиот пазар, посета на Македонија на турски мастер шефови со цел на снимање на емисија за гастрономиј и слични проотивни активности кои би ја зацврстиле соработката.

Една од поуспешните средби во Измир е со авионската компанија Пегасус и туристичката агенција Џоли травел, со кои Директорот Јаневски и амбасадорот на Република Македонија во Република Турција, н.е. Звонко Муцунски дискутираа за нова директна линија Измир-Скопје-Измир и Измир-Охрид-Измир, кои би требало да почнат да оперираат од крајот на месец мај, 2019 година.

Саемот во Измир е еден од поуспешните саемски претставувања на кои се остварија средби и со градоначалникот на Чешме, заменик градоначалникот на Измир и авионската компанија Туркиш Аирлајнс со кои се дискутираше за соработка преку организирање на информативни патувања на турски тур-оператори во Макецонија со цел на откривање на нови атракции во Македонија преку кои ќе се создаде баланс на туристичката понуда во Македонија.

Оваа година на штандот на Македонија во Измир има рекорден број на тур-оператори од Макеоднија и најголем штанд до сега на овој саем. Тур-оператори се Вардар Експрес, Бадем тур, хотел Нова Ривиера, ДМЦ Балканс и хотел Њу стар и бројна делегација на тур-оператори, хотелиери и туристички работници од Македонија како посетители на саемот во Измир. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest