diploma-gimnazija

Наградени најдобрите литературни, ликовни и музички творби на охридските гимназијалци

Охрид, 7. декември 2018 (ИНПРЕС) – Доделени наградите за најдобрите литературни, уметнички и музички творби на конкурс што по повод патрониот празник го распиша охридската гимназија.

Ученичката во втора година Јана Голабоска освои прво место за литературната творба „Родот мој“, а Михаела Василеска го освои второто место.

На ликовниот конкурс за најдобри беа избрани делата на Елена Лазороска и Мартин Пулески, второнаградени беа Емилија Лазороска и Илина Василеска, а третата награда ја освоија Марија Цоцеска и Барбара Ѓореска.

Наградени на музичкиот конкурс беа: бендот „Кукузел“, кој ја освои првата награда, бендот „Лермонтов“ беше втор, а трети завршија дуото Мартин и Петар. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest