Во Охрид денес променливо облачно и студено време со температура до 4. степени

Охрид, 28. декември 2019 (ИНПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно и студено со повремен снег на повисоките места и на планините, а услови за слаб снег ќе има и во некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено силен северен ветер.

Максималмата температура во Охрид ќе достигне 4. степени.

– Утре ќе се задржи променливо облачно и студено време со локален снег на повисоките места и планините, а услови за слаб снег ќе има и во некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено силен северен ветер. Од понеделник следува период на стабилно време со ниски утрински температури, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ИнПрес