BokaRiver

Петстотини агресивни фанови ќе дојдат на денешниот меч Ривер Плата – Бока Јуниорс

Мадрид, 9. декември 2018 (ИНПРЕС)Околу 500 агресивни навивачи се очекува да допатуваат во Мадрид за возвратниот натпревар од финалето на Купот Либертадорес.

Ова го соопшти претставникот на шпанската влада во главниот град Хозе Мануел Родригез Урибес на радио станицата „Кадена Цер“. Според него, властите работат на обезбедување максимална сигурност.

– Шпанската национална полиција тесно соработува со аргентинската полиција, Постои група од 400-500 навивачи кои се особено агресивни – соопшти Урибес.

Вчера, Бока Јуниорс и Ривер Плејт започнаа со подготовките за вториот финален меч на Купот на Либертадорес. Дуелот ќе се игра в недела (9 декември) на стадионот „Сантијаго Бернабе“ во Мадрид.

Бока Јуниорс работи во базата шпанската репрезентација, додека Ривер на инфраструктурата на “Реал”.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest