Missing image

Роберто Ди Матео нов тренер на Шалке

Лондон, 7. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Како што пишуваат германските медиуми поранешниот тренер на Челзи, Роберто Ди Матео е назначен за нов стратег на Шалке откако Јенс Келер заработи отказ поради лошиот старт на сезоната.

Бундеслигашот победи на само два меча од седум кола и со осум бода се наоѓа на 11-то место на табелата.

Ди Матео во минатото со Челзи успеа да ја освои Лигата на Шампионите но не можеше да најде заеднички јазик со сопственикот на клубот, Роман Абрамович. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива