Liga Sampioni

ЛШ: Вечерва разврска во „групата на смртта“

Ливерпул, 11. декември 2018 (ИНПРЕС)Вечерва и утре ќе се одиграат натпреварите од последното коло, во фазата по групи, во Лигата на шампионите.

На програмата вечерва се дуелите во А-Д половината, а во центарот на вниманието ќе бидат пресметките во Ц-групата, каде три тима се борат за првите две места.

Ливерпул во дербито на колото ќе го пречека Наполи, додека ПСЖ ќе гостува во Белград кај Црвена ѕвезда.

Пред ова коло на табелата во Ц-групата води Наполи со девет бода, еден помалку има ПСЖ, Ливерпул е на шест бода, а Црвена ѕвезда има четири.

извор: Топспорт фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest