Missing image

Казни за учесниците во инцидентите на дербито Јувентус-Рома

Рим, 7. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Дисциплинската комисија при италијанскиот фудбалски сојуз го казни играчот на Рома Константинос Манолас со два и Алваро Мората од Јувентус со еден натпревар неиграње поради заработените црвените картони на контраверзната средба во неделата.

Манолас и Мората беа исклучени по меѓусебниот конфликт на теренот пред самиот крај на мечот.

Тренерот на Рома Руди Гарсија, кој заработи црвен картон поради приговор кон судијата Џанлука Роки, е казнет со пет илјади евра.

Фудбалскиот клуб Јувентус е казнет со 30 илјади, а Рома со 20 илјади евра поради употреба на пиротехнички средства и ласери во текот на натпреварот од страна на нивните навивачи. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива