Sv._Sofija-640x360

Литургија во чест на празникот „Св. преподобен Софониј, Св. Јован Молчалник и преподобен Теодул“

Охрид, 11. декември 2018 (ИНПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во недела, на 16-ти декември, во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид, по повод празникот „Св. преподобен Софониј, Св. Јован Молчалник и преподобен Теодул“, ќе се служи света архиерејска литургија.

Со литургијата, која ќе започне во 08:45 часот, во присуство на Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, на литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на членовите на Светиот Архиерејски Синод, информираат од канцеларијата на Дебарско-кичевската епархија, Митрополија Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest