Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ успешни на напреварот „Лидер на струка“

Штип/Охрид, 11. декември 2018 (ИНПРЕС) – Охридските средношколци со бројни награди се вратија од петтиот државен натпревар „Лидер на струка 2018“, кој во организација на Министерството за образование и наука и Центарот за средно стручно образование се одржа минатата недела во штипското средно училиште „Коле Нехтенин“.

– На овој натпревар учествуваа 30 ученици од завршните класови од угостителско-туристичката струка од 7 училишта. Натпреварувачкиот дел се состоеше од писмен тест и практична задача соодветна за образовниот профил од угостителско-туристичката струка, каде учениците ги покажаа стекнатите знаења и вештини, информираат од ОУТУ „Ванчо Питошески“, од каде додаваат дека охридските средношколци на овој натпревар постигнаа завидни резултати.

Дарко Ристески, готвач освои I место – Лидер на струка (под менторство на професор Војо Ангелоски)

Ертан Мехмедоски, келнер освои III место (под менторство на професор Зоран Нанески)

Христијан Талески, угостителски техничар освои II место (под менторство на професор Блаже Јорданоски)

Станка Бежоска, хотелско-туристички техничар освои III место (под менторство на професорката Јелиз Караман Бешир). (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest