Pets-friendly-vip

Vip Охрид ги отвори вратите за домашните миленици на своите корисници

Скопје/Охрид, 11. декември 2018 (ИНПРЕС) – Од денеска, во продажните салони на Vip лоцирани во Градскиот трговски центар, трговските центри „Лептокарија“, „Бисер“ и продажните салони во Охрид и во Битола посетителите се добредојдени и со своите миленици.

Корисниците не треба да размислуваат каде ќе ги згрижат своите миленици додека тие ги извршуваат потребните активности во некој од салоните на Vip.

– Ова е многу важна тема за сопствениците на милениците. Свесни сме за големата приврзаност и љубов на корисниците кон нивните домашни миленици, но истовремено и за нивната потреба да ги посетат нашите салони, а притоа нивните миленици да се згрижени и да престојуваат на безбедно место. Овие неколку салони во нашата мрежа ги исполнуваат условите сите посетители да се чувствуваат пријатно кога бираат телекомуникациски решенија што најмногу им одговараат на нивните комуникациски потреби, извршуваат плаќања на сметките или едноставно сакаат да се информираат за новитетите во нашата понуда. Убедени сме дека ова е само почеток на уште подобро искуство меѓу нас во Vip и нашите корисници, вели Маја Ангеловска, директорка за продажба на приватни корисници во Vip.

Со цел милениците и корисниците да поминат пријатни моменти во салоните, миленикот треба да биде на поводник и постојано придружуван од неговиот сопственик. Заштитна маска е задолжителна за оние миленици за кои оваа мерка е предвидена со законски одредби. Инаку, оваа активност не е единствената на Vip посветена на домашните миленици. Ексклузивно преку продажната мрежа на Vip е достапен и уникатниот уред наменет за домашните миленици – MyKi Pet што им помага на сопствениците на домашни миленици да го следат нивното движење и локацијата на која се наоѓаат и тоа во реално време користејќи Android/iOS апликација. (Крај)

извор: VIP фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest