kosovo-sad

Косовски градови осамнаа закитени со американски знамиња

Приштина, 12. декември 2018 (ИНПРЕС) – Повеќе косовски градови осамнаа денеска закитени со американски знамиња, во знак на благодарност до САД за поддршката за формирањето на војската на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Американски знамиња се веат низ целата пешачка зона во центарот на Приштина , како и долж булеварите „Џорџ Буш“ и „Бил Клинтон“, а знамето на САД е истакнато и пред Владата на Косово, заедно со косовското, албанското и знамињата на НАТО и Европската унија.

Собранието на Косово в петок треба да ја заокружи законската процедура со изгласувањето на пакетот закони, со кои досегашните Косовски безбедносни сили (ФСК) практично се трансформираат во војска на Косово.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest