Liga Sampioni

Лион или Шахтјор, кој ќе избори пласман во осмина-финалето

Манчестер, 12. декември 2018 (ИНПРЕС)Вечерва ќе се одиграат последните осум натпревари, во фазата по групи, во Лигата на шампионите. Од групите Е, Ф, Г и Х седум тима веќе изборија пласман во осмина-финалето, а единствената дилема е која екипа од Ф-групата (Шахтјор или Лион) ќе му се приклучи на Манчестер сити во нокаут рундата.

Манчестер сити го освои веќе првото место во Ф-групата. Вечерва „граѓаните“ ќе го пречекаат Хофенхајм, кој се уште има некакви шанси да дојде до третото место.

Вториот меч помеѓу Шахтјор и Лион ќе реши кој тим ќе биде втор на табелата. На украинскиот шампион му е потребна победа, само таа ќе го однесе во осмина-финалето. Секој друг резултат во осмина-финалист ќе го промовира Лион.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest