crven-krst-predavanje-2

Црвен крст Охрид ја одбележа Неделата за борба против ХИВ/СИДА

Охрид, 12. декември 2018 (ИНПРЕС) – Општинската организација на Црвен крст Охрид, во рамки на светската кампања под мотото „Дознај го својот статус“ ја одбележа Неделата за борба против ХИВ/СИДА, од 1-ви до 7-ми декември.

Едукатори за ХИВ/СИДА реализираа бројни интерактивни предавања, работилници и трибини за младите. Во основните и средните училишта беа дистрибуирани типизирани предавања со цел учениците да се запознаат со основните знаења за вирусот на ХИВ, начин на пренесување и заштита.

Во соработка со Центарот за јавно здравје и невладината „Опција“ се одржаа и едукативни работилници во казнено поправните установи во Охрид и Струга.

Целта на активностите, кои секоја година се организираат по повод Светскиот ден и Неделата за борба против ХИВ/СИДА е да го свртат вниманието на јавноста за значењето на превенцијата и раното откривање на инфекцијата со вирусот.

И оваа година активностите во кампањата за борба против ХИВ/СИДА се во соработка и поддржани од Canadians for Children at Health Risk од Канада. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest