ivanov12-640x360

Иванов за последен пат ќе се обрати во Собранието

Скопје, 14. декември 2018 (ИНПРЕС) – Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов на 28-ми декември, во 12:00 часот, ќе има редовно годишно обраќање пред пратениците во Собранието.

Известувањето за годишното обраќање на шефот на државата веќе е доставено до Собранието на Република Македонија.

Ова ќе биде последно обраќање на Иванов како шеф на државата, бидејќи неговиот мандат истекува на 12 мај наредната година. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest