Sv._Sofija-640x360

Промоција на прво капитално дело за Дебарско – кичевската епархија

Охрид, 14. декември 2018 (ИНПРЕС) – Викендов во Охрид ќе биде промовирано значајно дело за МПЦ, особено за Дебарско – кичевската епархија.

Во недела, 16-ти декември, во катедралната црква Св.Софија ќе биде промовирана книгата „Дебарско-кичевска епархија (1967-2017)“.

На 700 страници се наведени сите цркви и манастири изградени во градовите и селата што ги покрива епархијата, обработени се ранохристијанските мозаици од Охрид па се до денешнината, како и митрополитите кои делувале на овие простори, но и бројните свештеници и личности кои оставиле печат.

Почетокот на промоцијата на книгата која претставува шематизам на Дебарско-кичевската епархија е во 11:00 часот, по Утрената богослужба и светата архиерејска литургија.

Ќе присуствува и Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, а промотори на ова капитално дело ќе бидат претседателот на МАНУ, академик Таки Фити и епископот хераклејски г. Климент. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest