Missing image

Кривични пријави за две лица поради „изнуда“

Охрид, 7. октомври 2014 (ИНПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишниот Н.У. и 42-годишниот И.У., за сторено кривично дело „изнуда“.

На 18-ти минатиот месец, првопријавениот од лице од Струга, побарал 100.000 евра, кои наводно оштетениот ги должел на друго лице од Струга.

Откако оштетениот одговорил дека ги вратил парите, бил физички нападнат од двајцата пријавени. (Крај)

извор: МВР фото: архива