Felipe Lusi

Фелипе Луис ќе паузира три недели

Мадрид, 18. декември 2018 (ИНПРЕС) – Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Фелипе Луис, три недели ќе отсуствува од тимот поради повредата на препоните. Бразлецот се повреди во саботата на натпреварот во Ваљадолид, кој му припадна на Атлетико (2:3).

Прегледот направен со магнетна резонанца покажал дека 33-годишниот лев бек ги повредил препоните, што значи дека ќе го пропушти последниот натпревар на Атлетико во оваа година (против Еспањол), но и првиот во 2019 година (гостувањето во Севилја на 6.јануари).

Иако клубот не соопшти колкава пауза го очекува Фелипе Луис, медиумите пренесуваат дека тој во тимот ќе се врати на 9.јануари, кога Атлетико ќе гостува кај Џирона, во првиот осмина-финален меч во Купот на Кралот.

извор: Топспорт фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest