polizijastruga

Стружанец предизвикал тепачка пред угостителски објект

Струга, 18. декември 2018 (ИНПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.М.(27) од струшката населба „Плитишта“.

Тој, казненото дело го сторил на 30-ти ноември оваа година, околу 17 часот, пред угостителски објект лоциран на улицата „Димитар Влахов“ во Струга кога, најнапред предизвикал вербална расправија со Л.Ч.(37) од Струга а потоа и физички го нападнал.

Истиот, веднаш бил пренесен во Општата болница во Струга каде му била дадена неопходната медицинска помош. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest