frosina-remenski

Амнестија ќе нема за организаторите, тепачите и вооружените лица на 27 април

Скопје, 18. декември 2018 (ИНПРЕС) – Интерпартиската парламентарна група за реформи, интеграција и помирување постигна согласност по pредлог-законот за амнестија за случувањата на 27-ми април.

Aмнестијата не ги опфаќа организаторите и подготвувачите на настанот, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје и експлозивни направи, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања. Од амнестија ќе бидат изземени и лицата кои се обвинети за здружување заради непријателска дејност согласно чл. 324 од КЗ.

Сите обвинети за насилствата во македонското Собрание од 27 април имаат право во рок од пет дена по донесувањето на законот да поднесат индивидуални барања за амнестија, а судот ќе донесе решение по мислење на ЈО, а врз основа на докази со кои располага.

– Ние се движевме во рамки на тоа што не може да биде опфатено со законот за амнестија. Тоа ни беше појдовна основа. Целта на дебатата по овој pределог-закон не се однесуваше на номинирање конкретни кривични дела, не се водевме персонално кон никого, туку дававме опис на дела – дејствија за кои лицата не можат да бидат амнестирани – рече копретседавачот со Интерпартиската група Фросина Ташевска Ременски.

Секој обвинет индивидуално ќе може да поднесе барање до надлежниот обвинител и суд, а оти судот ќе донесе решение по претходно мислење на Јавното обвинителство кое ќе го темели врз основа на докази со кои располага.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest