Ohridtrcat

Пролонгиран почетокот за пријавување на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“

Охрид, 18. декември 2018 (ИНПРЕС) – Пријавувањето за учество на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ ќе започне од понеделник, 24-ти декември, а не од денес, како што беше најавено, информираат од Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“.

– Пролонгирањето е поради прераната и неочекуваната смрт на нашиот подржувач број еден градоначалникот Јован Стојаноски. Третото издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ ќе се одржи на втори јуни низ градските улици. Заинтересираните ќе можат да се пријават на трката 5 и 10 километри или тим билдинг трката на 5 километри, потенцираат од Асоцијацијата.

извор: ОхридПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest