Missing image

Диетите го зголемуваат ризикот од депресија

Лондон, 7. август 2014 (ИНПРЕС) – Ако мислите дека по отстранување на вишокот килограми животот ќе ви стане поубав,се  лажете. Според новото истражување, по диетите луѓето се двапати потажни од претходно.

Повеќето луѓе сметаат дека по губењето на вишокот килограми нивниот живот ќе се промени на подобро. Но, резултатите од едно истражување спроведено на Универзитетскиот колеџ во Лондон, покажуваат дека всушност тоа може да го зголеми ризикот од депресија. Истражувањето покажа дека луѓето кои успешно губат килограми, имаат големи шанси потоа да се тажни, осамени и апатични. Покрај тоа, повеќето диети се строги и долги, што ги тера повеќето од луѓето по слабеењето да се чувствуваат лошо.

Често диетите не успеваат, или самите луѓе имаат преголеми очекувања од истите, што исто така придонесува за „разочарувањето“.

Во истражувањето учествувале 2.000 луѓе со прекумерна тежина на возраст од над 50 години. (Крај)

извор: Health фото: архива