avtopat-grcija

Поскапување на патарините во Грција

Атина, 24. декември 2018 (ИНПРЕС) – Сите кои патуваат во Грција од Нова година ќе се соочат со повисоки цени на патарините.

Интернет страницата Грцијаинфо објави дека според новиот начин за пресметување на цените на патарините според километража, од 1 јануари 2019 година во Грција ќе поскапат патарините.

Новиот начин на наплата ја зголемува цената на патарините од 0,03 евра на 0,05 евра по километар за автомобилите. Зголемувањето изнесува од 66 отсто до 150 проценти.

Возачите на патарината на Евзони наместо досегашните 1,80 евра ќе плаќаат три евра, во Солун 0,69 евра, кај Асправалта 1,42 евра, во Кавала 2,36 евра, а меѓу Игуменица и Јанина 3,42 евра наместо досегашните 2,1 евро. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest