hor-godisen-koncert-5

Хорот „Вокс Лихнидос“ ќе настапи на вечерната миса во Католичката црква

Охрид, 24. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ вечерва ќе настапи на вечерната миса што ќе се одржи во католичката црква Св. Кирил и Методиј и Св. Бенедикт во Охрид, во пресрет на Католички Божиќ.

Ќе изведат 5-6 духовни композиции, а дел од нив ги испееа и на новогодишниот концерт минатата недела. Настапот на хорот „Вокс Лихнидос“ е од 20:30 часот.

Годинава ќе ја заокружат в сабота, 29-ти декември, со настап на славеничкиот концерт на групата „Камелеон“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest