kradec_640x360

Кривична за стружанец, сторител на тешки кражби

Струга, 27. декември 2018 (ИНПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 34-годишниот Н.М. од Струга за сторени три кривични дела „тешка кражба“, кривично дело „тешка кражба во обид“ и кривично дело „кражба“.

– Во периодот од 22-ри до 25-ти овој месец, на подрачјето на Струга, во два деловни објекти, две амбуланти и куќа, пријавениот, на сила ги отворал влезните врати, влегувал внатре и одзел парични средства, преносен компјутер, два монитори за компјутер, телевизор, алат и други предмети со што предизвикал материјална штета од 114.000 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest