opstopolicijasoobrakajka

Сообраќајка на патот Струга-Дебар, потешко повредено едно лице

Струга, 28. декември 2018 (ИНПРЕС) – На крстосницата од регионалиниот пат Струга-Дебар со локалниот пат за село Враништа, вчера околу 11:30 часот се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Во незгодата учествувале товарно моторно возило марка „Мерцедес“, управувано од страна на 45-годишниот Р.Ќ. од село Враништа, патничко моторно возило „Рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот Х.С. од село Велешта, патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки управувано од 45-годишниот Ш.K. од село Велешта. Во незгодата настрадал пешакот, 65-годишниот Н.Б. од село Враништа, кој е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest