tepacka1

Две лица физички нападнати во угостителски објект во Охрид

Охрид, 28. декември 2018 (ИНПРЕС) – На 28-ми декември оваа година, во 00:30 часот, во угостителски објект во Охрид биле физички нападнати 26-годишниот Н.Т. и 4 години помладиот С.Т.

Тие биле нападнати од, до овој момент непознати лица кое биле гости во угостителскиот објект.

– Двете лица се здобиле со повреди поради што, со медицинско возило се префрлени на хируршкото одделение во Општата болница во Охрид. СВР Охрид, презема мерки за пронаогање на лицата и расчистување на настанот, информираат од секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest