СВР Охрид со засилени контроли за празниците за подигнување на безбедноста во сообраќајот

Охрид, 29. декемрври 2018 (ИНПРЕС) – Со цел подигнување на безбедноста во сообраќајот, СВР Охрид, синоќа и рано утрово, спроведе нова сообраќајна акциска контрола.

– Притоа, во Охрид, контролирани се вкупно 50 возачи, а кај четири возачи на патнички автомобили, констатирано е присуство на алкохол во крвта. Тие веднаш се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките дозволи. Против нив, полициската станица за безбедност во сообраќајот Охрид, ќе поднесе соодветни пријави. За време на акциската сообраќајна контрола, полициските службеници регистрирале и вкупно шест други прекршоци поради што се издадени мандатни платни налози, информираат од СВР Охрид.

Додаваат дека за време на претстојните празнични денови, ќе ги интензивираат сообраќајните како и останатите контроли на целото подрачје. Целта е подигнување на степенот на сообраќајната безбедност, поголемо почитување на сообраќајните правила и прописи и зачувување на поволната безбедносна состојба. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest